Достапни линкови

Жестоки коментари за протестите и контра-протестите


Протестите и контра-протестите во Скопје, кои сега се шират низ целата земја ја покажуваат острата поделеност во ставовите кај граѓаните.

Чуден е овој наш народ. Важи за добродушен, незлобен, добар. Но, кога човек ги чита постовите, особено на Фејсбук страницата на РСЕ, да не може да се изначуди: пцости, лични навреди, бесрамни зборови без перис на устата, како што велат старите, клетви какви што не можат да се замислат. Во врска со нашите информации за протестите и контрапротестите во Скопје и во другите градови во земјава, Фејсбук е преплавен со недоличности што нема да ги цитираме.

Не, не, оваа капија е МОЈА!! Сакаш ли да знаеш зошто? Затоа што вечер јас и моите соседи од селото пред легнување одиме во полски нужник, зашто наместо канализација, парите твојот Грујчо ги бапна во овој капиџик, е затоа овој куп бетон е МОЈ и имам право да го плукам.

Се чини дека Кајмакам Ефенди во својот пост кажува голема вистина: тој всушност ѝ одговара на Цветанка Каракашевска, која смета дека Триумфалната порта е на сите и не треба да се уништува. „Со што ли ве хранат по тоа штабовите?“ – прашува Кајмакам Ефенди. Па продолжува: „Не, не, оваа капија е МОЈА!! Сакаш ли да знаеш зошто? Затоа што вечер јас и моите соседи од селото пред легнување одиме во полски нужник, зашто наместо канализација, парите твојот Грујчо ги бапна во овој капиџик, е затоа овој куп бетон е МОЈ и имам право да го плукам, да го чкртам и да го и....м ако треба“ – напишал Кајмакам Ефенди.

И редовниот Миле од Охрид си го кажал своето мислење на нашата веб-страница: „Нема протести. Во тек е необјавена војна против Република Македонија“, па ги реди своите познати тези за надворешниот и внатрешниот непријател, гебелсовската пропаганда на опозициските медиуми итн.

По информацијата за контрапротестите пред СДСМ, Владо Здравков напишал: „Читам статија дека Македонија била на трето место со најглупав народ. Се изнервирав. Зошто не сме на прво?“

Наќе Туфекчиев од Стокхолм, на нашата веб-страница му честита на Иванов затоа што со аболицијата направил историски чекор кон подобра Македонија. Незабеган му возвраќа: „Алооо, Наќе, не треси зелени од Стокхолм. Дојди да поживееш малку во оваа ВМРО-нска Македонија и да бидеш член на ГДОМ!“, а во друга порака додава: „Ова веќе не е ВМРО-ДРПМНЕ туку ВМРО-Помилувана!“, „Потегот на Иванов ќе влезе во историјата и како потег што ја запали независна Република Македонија“.

По нашата саботна анализа којашто се однесува на големите привилегии што актуелната Влада им ги дава на пензионерите како дисциплинирано гласачко тело, Ана Кеј, на Фејсбук страницата постирала: „Фала им, ништо од тие привилегии не користиме. Само едно признавам, Груевски ни го подобри здравјето, бидејќи поради него секоја вечер се движиме, одејќи на протести“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG