Достапни линкови

Врховниот суд за наредбата на Обама за имигрантите


Американскиот Врховен суд денеска треба да ги сослуша аргументите за наредбата на претседателот Барак Обама за заштита на милиони илегални имигранти од депортација. Случајот би можело да има влијание врз американската имиграциска политика, како и врз претседателската кампања. Обама наредбата ја потпиша во 2014 година откако Конгресот не успеа да ги изгласа реформите за американскиот имиграциски систем. Со неа се забранува депортација и се олеснува процедурата за работни дозволи за многу таканаречени недокументирани граѓани чии деца се родени во САД. Според законот, секој роден во САД автоматски е американски граѓанин.

XS
SM
MD
LG