Достапни линкови

logo-print

Во земјотресот во Еквадор над 270 загинати


Владата на Еквадор соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со сила од 7,8 степени што ја погоди оваа јужноамериканска земја во саботата се покачил на 270 луѓе, додека бројот на ранети е неколку илјади. Властите страхуваат дека бројот на загинатите ќе биде поголем со оглед на тоа што се уште имало луѓе затрупани под урнатините на зградите. Се оценува дека овој земјотрес бил најголем од 1979 година кога загинаа над 600 луѓе.

XS
SM
MD
LG