Достапни линкови

logo-print

Импичмент за бразилската претседателка Русеф


Долниот дом на парламентот на Бразил гласаше за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф. Тоа е најголем удар врз Русеф која повторува дека обвиненијата спрема неа претставуваат „државен удар“. Таа е обвинета за злоупотреба на федералниот буџет. Русеф аргументира дека слични маневри со буџетот правеле и претходните претседатели и оти таа не е инволвирана во корупциски скандали. Одлуката на Долниот дом сега оди во Сенатот и доколку таму повеќето од половината сенатори гласаат за импичмент, Русеф ќе биде суспендирана.

XS
SM
MD
LG