Достапни линкови

Коѕиас - Македонија го крши меѓународното право со бегалците


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Македонија употреби несоодветни средства во справувањето со бегалците и повеќе пати го прекрши меѓународното право, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за „Весникот на новинарите“. Тој рече дека официјална Атина „ѝ препорачала“ на Македонија „да го разгледа она што го прави и какви последици тоа ќе има врз идните односи со европскиот институционален систем“.

„Одговорност сносат и земјите-членки на ЕУ, кои, и покрај нивното присуство во Македонија, не го спречија таквото однесување“, изјави Коѕиас.

Според него, Грција „од своја страна, со вакви прашања се соочува смирено и одговорно“.

Коѕиас потсети дека на 14 април се одржа првиот трилатерален состанок за прашањето на бегалците со Албанија и Италија и информира дека на 21 и 22 април, во Солун, ќе биде домаќин на состанок за прекугранична соработка со министрите за надворешни и за внатрешни работи на Бугарија, Македонија и Албанија.

XS
SM
MD
LG