Достапни линкови

logo-print

Од денеска во Косово само со лична карта


Македонија и Косово денеска го означија официјалното стапување во сила на меѓудржавната спогодба за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти. Официјализирањето на спогодбата беше на граничниот премин „Блаце“, каде што присуствуваа македонскиот заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу и заменик-министерот за внатрешни работи на Косово Валдет Хоџа. Со оваа спогодба идентично како и со веќе постоечките такви меѓудржавни акти со соседна Албанија, Србија, потоа со Црна Гора, државјаните на Република Македонија и на Република Косово ќе можат државната граница да ја минуваат и со лични карти.

XS
SM
MD
LG