Достапни линкови

Иран презентираше делови од С-300 на воена парада


Илустрација.

Илустрација.

Иран презентираше делови од ракетниот систем С-300 за против-воздушна одбрана нарачан од Русија за време на воената парада за Националниот Денот на Армијата во Техеран, покажуваат фотографиите што ги објави полуофицијалната новинска агенција ИСНА. Во своето обраќање на настанот, претседател Хасан Рохани рече дека воената моќ на Иран е чисто за одбранбени цели.
Иранските власти на 11 април објавија дека Русија им го предала првиот дел од пратката со делови за ракетен систем С-300.
Во 2010 година, Русија под притисок на западот го замрзна договорот за испорака на ракетниот систем С-300 на Техеран. Претседателот Владимир Путин ја укина суспензијата во април 2015 година. САД и Израел изразија загриженост, стравувајќи дека ракетниот систем може да ја наруши регионалната рамнотежа на воената сила.

XS
SM
MD
LG