Достапни линкови

Најмалку 77 загинати во земјотрес во Еквадор


Најмалку 77 луѓе загинаа, а повеќе од 600 се повредени во силниот земјотрес со јачина од7,8 степени што доцна синоќа го погоди крајбрежјето на Еквадор во Јужна Америка. Епицентарот на земјотресот е на 150 километри од главниот град Кито. Поради земјотресот во погодените региони нема струја, а прекинати се и телефонските услуги на некои мобилни оператори. Рушевини има на сите страни. Властите прогласија вонредна состојба. Според нив ова е најлош земјотрес од 1979 година, кога во катастрофата загинаа повеќе од 600 луѓе, а 20 илјади беа повредени.

XS
SM
MD
LG