Достапни линкови

Полициски кордон не дозволува протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицискиот кордон не им дозволува на демонстрантите да се приближат до седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Неколкуте илјади демонстранти се упатија кон штабот на владејачката партија од пред владата.

Денешниот протестот почна околу 18 часот кога граѓаните почнаа да се собираат пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје во знак на поддршка за работата на оваа институција. Од таму продолжија кон Собранието, па под Триумфалната порта, која ја гаѓаа со јајца, боја и ја испишаа со графити, продолжија пред владата.

Протестот го организира движењето Протестирам, кое се противи на политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Тие бараат оставка од Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експерта влада која треба да го подготви теренот за фер избори.

Ова е петти ден протести во Скопје. Протести вечерва се одржуваат и во Струмица и во Битола.

XS
SM
MD
LG