Достапни линкови

Неколку илјади демонстранти пред Собрание


Извикувајќи „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“, неколку илјади демонстранти, кои се противат на политичките помилувања, пристигнаа пред Собранието. Законодавниот дом е обезбедуван од големи полициски сили, но за разлика од вчера, полицијата не ги спречи граѓаните да протестираат пред Парламентот. Пристапот кон седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е блокиран. Демонстрантите, кои пееја „Во борба, македонски народе“ им скандираат на полицајците „Кого штитите?“ и „Дојдете со нас“.

Протестот почна околу 18 часот кога граѓаните почнаа да се собираат пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје во знак на поддршка за работата на оваа институција. Протестот го организира движењето Протестирам, кое се противи на политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Тие бараат оставка од Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експерта влада која треба да го подготви теренот за фер избори. Ова е петти ден протести во Скопје. За денеска се најавени протести и во Струмица и во Битола.

XS
SM
MD
LG