Достапни линкови

ДИК го усвои Роковниот за изборни дејствија


Роковник за изборни дејствија во пресрет на предвремените парламентарни избори на 5 јуни усвои денеска Државната изборна комисија (ДИК). На седницата не присуствуваа Игор Милев и Виолета Дума, предложени од СДСМ. Претседателот на Комисијата Александар Чичаковски учествуваше во работата на седницата, иако ја напушти вчерашната седница пред гласањето за подготвеноста на ДИК за избори.

Според Роковникот, Избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април, а во рок од 15 дена граѓаните ќе можат да проверат дали се на списокот. Од денеска до 9 мај трае пријавувањето за гласање на македонските државјани кои живеат во странство, односно за гласање во 7-та изборна единица. Избирачкиот список треба да биде заклучен на 19 мај.

XS
SM
MD
LG