Достапни линкови

logo-print

Силни земјотреси во Јапонија, најмалку 39 загинати


Спасувачката операција е во тек во југозападна Јапонија, откако во два земјотреси што ја погодија областа загинаа најмалку 39 луѓе. Се верува дека стотици луѓе се заглавени под урнатините.

Властите накратко издадоа предупредување од цунами, по двата земјотреси, едниот со јачина од 7,1, а наредниот од 7,4 степени. Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди областа на 14 април. Епицентарот е во близина на градот Кумамото, кој има околу 740 илјади жители, на најјужниот остров Кјушу. Околу 1.000 луѓе се повредени, од кои 190 потешко.

Околу 20 илјади војници се распоредени да помогнат во спасувачките напори. Властите соопштија дека околу 200 илјади домаќинства се без струја, а повеќе од 420 илјади без вода. Околу 1.000 објекти се уништени, а многу патишта се оштетени. Има лизгања на земјиштето, а постојат стравувања дека претстојните дождови ќе предизвикаат многу свлечишта.

XS
SM
MD
LG