Достапни линкови

logo-print

Кери бара од Лавров да помогне за примирјето во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери побарал од неговиот руски колега Сергеј Лавров да помогне владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад да престане да го прекршува прекинот на огнот. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби вчера изјави дека Кери телефонски му кажал на Лавров дека има „итна потреба“ да се натера Асад да го почитува примирјето. Кирби изјави дека некои и акциите на сириската влада во и околу Алепо се поддржани од руските воздушни сили. Тој рече дека Кери му рекол на Лавров дека „САД очекуваат Русија да го повика режимот да го почитува прекинот на огнот“ и оти САД ќе работат со опозицијата за и таа да го стори истото.

XS
SM
MD
LG