Достапни линкови

Политичка криза во Ирак - Откажана седница на парламентот


Ирачкиот парламент

Ирачкиот парламент

Ирачкиот парламент ја откажа седницата за антикорупциски реформи во услови на политичка криза која ги парализираше државните институции. Ова е трета откажана седница оваа недела, по политичките расправии во врска со планот за назначување технократи за министри во владата на премиерот Хајдар ал-Абади во обид за намалување на корупцијата. На 13 април изби тепачка во парламентот. ОН и САД предупредија дека политичките расправии може да ја поткопаат борбата на Ирак против Исламската држава, која контролира области во северен и западен Ирак.

XS
SM
MD
LG