Достапни линкови

Хан - Партиите да се вратат на преговарачка маса


Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повика сите партии да се вратат на преговарачка маса и на патот кон евроинтеграциите. Ако не работат заедно и не останат фокусирани на фер избори, новата влада, како што порача Хан во обраќањето во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, нема да биде меѓународно прифатена и признаена.

Прашан за ситуацијата во Македонија, еврокомесарот изрази разочарување од последните настани.

„Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договорот од јуни/јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и граѓанското општество, но особено политичките партии, да се вратат на преговарачка маса и да останат посветени на евроатланската перспектива на земјата“, нагласи еврокомесарот, одговарајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG