Достапни линкови

Државната изборна комисија денеска во 13 часот треба да одржи седница на која треба да биде разгледано и усвоено Предлог-барањето податоци до Министерството за внатрешни работи, како и Предлог-барањето податоци до Министерството за надворешни работи.

На седницата, како што соопшти ДИК, ќе се разгледаат и усвојат и Предлог-барањето податоци до Министерството за информатичко општество и администрација, Јавниот повик до МНР за распишување предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието, Предлог - роковникот, како и Предлог - образецот барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебниот извод од избирачкиот список и предлог Образец - Пријава за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва.

XS
SM
MD
LG