Достапни линкови

Папата Франциск понудил да земе 10 бегалци со него во Италија


Папата Франциск наводно понудил да земе 10 бегалци со него во Италија за време на историската посета на грчкиот остров Лезбос, што се смета за храбар гест на солидарност со мигрантите чиј прилив ја разниша европската политика. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека на осуммина Сиријци и двајца Авганистанци ќе им биде понудено заминување. Вклучувањето на Авганистанците е многу симболичен потег, откако ЕУ престана да ги смета граѓаните од оваа земја како бегалци и не им ги одобрува барањата за азил.

Папата ќе го посети бегалскиот центар на островот, кој е претворен во притворен центар, како дел од договорот меѓу ЕУ и Турција.

Ватикан соопшти дека посетата на папата на Лезбос е од чисто хуманитарна и верска природа и нема намера да биде политичка или критичка за политиките на ЕУ.

XS
SM
MD
LG