Достапни линкови

Двегодишнина од бродската несреќа во Јужна Кореја


Илјадници луѓе учествуваа на комеморативните настани во Јужна Кореја, на двегодишнината од бродската несреќа во која загинаа 304 луѓе. Околу 2.500 луѓе се собрале во градот Ансан од каде што беа најголемиот дел од жртвите. Комеморативни настани се одржуваат и во главниот град Сеул и на островот Џиндо, во близина на местото каде што фериботот Севол потона во трагедија што ја шокираше земјата. Најголемиот дел од жртвите беа ученици.

Истрагата утврди дека трагедијата пред се била предизвикана од човечка грешка - нелегален редизајн, претовареност и неискусен екипаж. Капетанот на бродот е осуден на доживотен затвор.

Сеул лани најави дека ќе го подигне фериботот од дното на морето во обид за пронаоѓање на преостанатите девет тела, кои се водат како исчезнати. Проектот вреден 72 милиони долари го спроведува кинеска компанија. Се очекува да започне наредниот месец, а да заврши до крајот на јули.

XS
SM
MD
LG