Достапни линкови

logo-print

Меѓународните организации да ја известат ДИК за набљудување на изборите


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. Вељаноски, согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

XS
SM
MD
LG