Достапни линкови

logo-print

ДИК изгласа дека е подготвена за избори, Чичаковски не присуствуваше на седницата


Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на седница донесе заклучок дека врз основа на досегашната работа на овој состав до денес и врз основа на одредбите од Изборниот законик, е подготвена законски, совесно и транспарентно да ги спроведе сите изборни дејства за предвремените избори закажани за 5 јуни 2016 година. Заклучокот е усвоен вечерва на седница на Комисијата со шест гласа „за“. На изјаснувањето не присуствуваа претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите предложени од СДСМ Игор Милев и Виолета Дума. Претседателот на ДИК Чичаковски смета дека Комисијата технички била подготвена за спроведување на избори и на 24 април, и дека и сега технички е подготвена, но сепак треба да се направат уште активности за спроведување на предвремените избори закажани за 5 јуни. Според него, не е комплетирана административната и теренеската проверка во МВР. Затоа, рече, не сака да се изјаснува за оваа точка и нема да присуствува на гласањето. Членот на ДИК Атанас Урумов предложи членовите да се изјаснат за подготвеноста на Комисијата за спроведување на изборите и информираше за нивната денешната средба со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.Утре ДИК на седница треба да го утврди роковниокот за изборните дејства, а се очекува МВР до Комисијата да го достави Избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG