Достапни линкови

Демонстрантите спречени од сите страни


Со оклопни возила и водени топови полицијата им го блокираше патот на демонстрантите на главната крстосница пред зградата на Владата. Демонстрантите извикуваат „лопови штитите, бараме правда“. Довикуваат слобода на движење и бараат полицијата да им дозволи да протестираат пред владата. Во меѓувреме бројот на граѓани се зголемува и во моментов има неколку илјади. Претходно полицијата ја спречи групата да протестира пред Собранието, а потоа и да го помине Камениот мост.

XS
SM
MD
LG