Достапни линкови

logo-print

ГДОМ стигнаа пред СДСМ


Со зурли, тапани и пеејќи патриотски песни неколку илјади граѓани предводени од Граѓанското движење за одбрана на Македонија стигнаа во близина на седиштето на СДСМ. На полицајците кои стојат во близина на надвозникот кај опозициската партија им скандираа јунаци, јунаци, а претходно извикува ВМРО-ДПМНЕ и „никој ништо не ти може Никола“. Носат и големо платно на кое што пишува „од судот се спасивте, од народот нема“. Велат дека дошле на протест против обидите на претседателот на СДСМ Зоран Заев да ја растурел државата.

XS
SM
MD
LG