Достапни линкови

Заев: Нема услови за фер избори, протестите ќе се интензивираат


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Нема да има избори на 5 јуни, протестите се во тек и ќе се интензивираат, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција. Тој повика на ненасилни протести и посочи дека сите знаат оти нема услови за фер избори, бидејќи „Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиуми, а притисоците и неразграничувањето на државата од партијата продолжува“, рече Заев.

„Во земјава е извршен државен удар, техничката Владата ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите од СДСМ. Никола Груевски и останатата корумпирана и криминална група прават се, во обид да се заштитат од криминалот. Оние кои ја крадеа волјата на народот, бруталноја злоупотребуваа власта, ги погазија сите граѓански права денеска порачуваат дека демократијата не живее овде, помилувајќи се самите себе, рече Заев.

XS
SM
MD
LG