Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара Иванов да ја преиспита одлуката за помилување


ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во кое барада ја преиспита одлуката за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 април 2016 година и да ја разгледа можноста за нејзино повлекување. „Одлуката директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 јуни 2016, како и Протоколот од 15 јули 2016 и затоа бараме да ја разгледате и во најкус можен рок да донесете одлука за надминување на новонастаната ситуација“, се вели во писмото од ВМРО-ДПМНЕ до претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG