Достапни линкови

Белгиската министерка за транспорт поднесе оставка


Белгиската министерка за транспорт Жаклин Галант, поднесе оставка поради терористичките напади на 22 март, во кој загинаа 32 лица во Брисел. Галант денеска поднесе оставка поради обвинувањата дека нејзиното министерство ги игнорирало критиките на ЕУ за безбедноста на аеродромите во Брисел, каде имаше 19 жртви во нападите. Доверливи извештаи на ЕУ протекоа до медимите на 13 април од страна на опозициската Зелена партија. Во нив се вели дека безбедноста на аеродромите не се во согласност со стандардите и биле идентификувани неколку сериозни проблеми. Таа ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG