Достапни линкови

СЈО: Апелациониот суд ја уважи жалбата за предметот „Пуч“


Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Апелациониот суд Скопје, ја уважило жалбата на ова Јавно обвинителство, изјавена против решението на Основниот суд Скопје 1, со кое е одбиено барањето за достава на копии од списи и електронски докази во предметот „Пуч“ и го укина решението на судот.

„Во решението Апелациониот суд ги уважи сите жалбени наводи на ова Јавно обвинителство и констатира дека првостепениот суд немал валидна правна основа да спрема ова Јавно обвинителство, како овластен тужител во постапката, се повикува на обврската за чување класифицирани информации, бидејќи советот на Апелациониот суд е на мислење дека не постојат правни пречки бараните списи и докази да бидат доставени во фотокопија на ова Јавно обвинителство. Исто така советот на Апелациониот суд наведува дека основано во жалбата се истакнува дека првостепениот суд при одлучување по барањето не ги ценел во доволна мера одредбите од Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, при што советот на Апелациониот суд како оправдана ја оценил потребата да овластениот тужител поседува примерок од бараните списи“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека според тоа и одолговлекувањето на почетокот на главната расправа во овој предмет не може да се препише на вина на ова Јавно обвинителство, кое во рамки на законските прописи, крајно професионално и одговорно постапува.

XS
SM
MD
LG