Достапни линкови

logo-print

Средба на Заев и Ахмети


Денеска во седиштето на СДСМ на средба со претседателот на партијата Зоран Заев бил лидерот на ДУИ Али Ахмети, потврдуваат извори од двете партии. Од опозициската партија брифираат дека теми на разговор биле одлуката на Иванов за аболиција, негова оставка и изборите на петти јуни.

Од ДУИ кусо информираат дека се разговарало за одлуката на Иванов и како што велат, општо за ситуацијата. Засега никој не открива повеќе детали од средбата.

Ахмети денеска претходно објави дека се сретнал со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија и дека интензивно работеле за решавање на ситуацијата во корист на граѓаните и да се ставело крај на оваа криза.

Заев пак по средбата со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп претпладнево порача дека нема да учествуваат,ниту пак ќе дозволат избори на 5 јуни, бидејќи тие според нив се нерегуларни.

XS
SM
MD
LG