Достапни линкови

logo-print

Коцијанчиќ: Сомнеж за веродостојни избори


Последните случувања фрлаат сомнеж во врска со можноста за обезбедување услови за веродостојни избори. Ги повикуваме сите заинтересирани страни и политичките партии да продолжат да работат заедно за да се обезбедат услови за веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани, изјави во Брисел портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ.

Таа додава дека тоа вклучува завршување на прочистувањето на Избирачкиот список, балансирано известување на медиумите и истрага, односно казнување на сите пријавени за заплашување на гласачите. „Ние ќе продолжиме да го следиме ова одблиску со меѓународните партнери како што е ОДИХР и ќе продолжиме да ја истакнуваме секоја загриженост што ја имаме, рече Коцијанчиќ.

Таа уште еднаш ја испрати порака во име на официјален Брисел за прекинување на насилствата во Македонија, забележани на завчерашните и вчерашните протести ширум државата, по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги помилува сите инволвирани во скандалот со прислушувањето.

„Ги повикуваме сите граѓани и сите партии да учествуваат во демократските процеси на ненасилен начин. Оваа криза може да се реши со политички средства и со враќање на масата за дијалог.“

XS
SM
MD
LG