Достапни линкови

Лукашенко повика на зајакнување на односите со исламскиот свет


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека неговата земја сака да ги зајакне и прошири односите со исламскиот свет. Говорејќи денеска на самитот на Организацијата на исламската конференција во Исанбул, Лукашенко рече дека „апсолутно е очигледно дека создавањето на вистински мултиполарен свет е невозможно без муслиманите.“

„Заедно со другите клучни геополитички играчи, исламскиот свет може да стане еден од столбовите на стабилноста и безбедноста“, рече Лукашенко. Тој ги повика исламските земји да се обединат и да ги надминат внатрешните разлики.“

XS
SM
MD
LG