Достапни линкови

logo-print

Убиен ерменски војник во Нагорно Карабах


Сепаратистите поддржани од Ерменија велат дека еден од нивните борци е убиен од истрели од страна на силите на Азербејџан во Нагорно Крабах. Десетици загинаа овој месец во судирите меѓу азербејџанските сили и ерменските сепаратисти за отцепениот регион.

Договорот за прекин на огнот постигнат на 5 април со посредство на Москва, во голема мера се одржува, но се уште се случуваат повремени пукања. Нагорно Карабах е главно етнички ерменски регион, кој се наоѓа во Азербејџан.

Сепаратистите водеа војна во почетокот на 90-тите и де факто воспоставија контрола врз територијата. Околу 30.000 луѓе загинаа во војната.

XS
SM
MD
LG