Достапни линкови

logo-print

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го повика Иванов да го поништи помилувањето


Опозициската СДСМ преку соопштение ја оцени денешната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ како очајнички обид да избега од одговорност за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов. Партијата бара ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер да го повикаат Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување.

„Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки, се вели во соопштението и се додава дека не смее да има „недопирливи граѓани” и „обични граѓани од втор ред”.

Според СДСМ, Иванов мора да замине од функцијата затоа што со донесената одлука за помилување извршил државен удар.

XS
SM
MD
LG