Достапни линкови

Вељаноски треба да ги распише предвремените избори


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска, како што самиот најави, треба да ги распише предвремените парламентарни избори на 15 април. „Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори“, наведе Вељаноски во писмената изјава. Собранието се распушти на 6 април на полноќ согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

XS
SM
MD
LG