Достапни линкови

logo-print

Обама во идната недела во Британија и Германија


Американскиот претседател Барак Обама ќе го посети Лондон од 21 до 24 април каде што ќе повтори дека е за тоа Британија да остане во Европската унија, два месеца пред референдумот за тоа прашање, соопшти Белата куќа. Анкетите за референдумот закажан за 23 јуни предвидуваат многу тесен резултат со и натаму голем број неопределени. На 24 април Обама ќе отпатува за Германија каде што ќе се состане со германскиот канцелар Ангела Меркел со која ќе го отвори Индустрискиот саем во Хановер. Ден потоа тој ќе одржи говор кој ќе биде можност, како што соопшти Белата куќа, да ги спомене предизвиците со кои се соочуваат демократиите во САД и ЕУ, особено прашањето со бегалците.

XS
SM
MD
LG