Достапни линкови

Клинтон и Сандерс во дебата полна со обвинувања


Демократските кандидати за претседателската трка во САД Хилари Клинтон и Берни Сандерс разменија обвинувања во дебатата во Бруклин пред партиските избори во Њујорк. Сандерс, сенатор од Вермонт која самиот се нарекува демократски социјалист ја обвини Клинтон за земање пари од Вол стрит и за поддршка на американската инвазија во Ирак во 2003 година. Клинтон пак го критикуваше Сандерс за човек на кој не се разбира во политиката. „Доколку и двајцата продолжите да викате еден на друг, гледачите не ќе можат да ве слушнат“, ги предупреди водителот на Си Ен Ен телевизијата. 74 годишниот Сандерс победи во седум од последните осум држави, но се уште во водство е 68 годишната Клинтон.

XS
SM
MD
LG