Достапни линкови

Протест на демонстрантите пред полициска станица Беко


Дел од демонстрантите кои протестираа пред Собрание против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари од власта и опозицијата се упатија кон полициската станица Беко во центарот на Скопје. Тие бараат правда за притворените по протестите синоќа. Полицијата вчера приведе 13 луѓе. Полициски сили се распределуваат пред станицата Беко. Во меѓувреме, пак, има друг протест кој е во организација на ГДОМ кои се противат на аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски. Тие се собрани на кај зградата на Црвен крст. Демонстрантите слушаат патриотски песни и играат оро.

XS
SM
MD
LG