Достапни линкови

Протести и контра протести: два полициски кордони меѓу двете групи демонстранти


Неколку илјади граѓани се собрани на контра протест пред Олимпсикиот базен во Скопје. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска најави протест на кој ќе го изрази своето незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата. Тие, според најавите, ќе се соберат пред зградата на Црвениот крст во 19 часот, а потоа се очекува нивниот протест да заврши пред седиштето на СДСМ.

Помалку од 300 метри е одалеченоста меѓу двата полициски кордони кои ги делат демонстрантите и контра демонстрантите

Демонстрантите кои протестираат прпотв одлуката на претседателот Иванова да помилува политичари и функционери се пред Собранието на Македонија, додека оние кои се незадовлни поради тоа што Иванов го аболицирал Заев се на раскрсницата кај ЗОИЛ.

Во моментов на двете страни има по повеќе од 1.000 демонстранти.

XS
SM
MD
LG