Достапни линкови

logo-print

Суомалаинен: Граѓаните да се воздржат од насилство


Во овој клучен период, ги охрабруваме сите страни, да дејствуваат конструктивно и да овозможат принципите на демократското владеење и владеењето на правото да преовладаат, се вели во писмената изјава на шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

Наведува дека е запознаена со 41. одлука на претседателот Ѓорге Иванов, објавена вчера во Службен весник, со која се помилуваат 56 лица.

Суомалаинен ги повикува граѓани да се воздржат од насилство додека го користат уставно загарантираното право на јавен протест. Во фокусот на сите заложби, додава таа, треба да биде интересот на државата и нејзините граѓани.

„Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена. На судството, како и на Канцеларијата на Специјалното обвинителство, мора да им се дозволи да продолжат да ја вршат нивната важна работа, во согласност со принципите на независност и непристрасност. Истрагата на случаите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и судските случаи кои ќе следат натаму, треба да помогнат да се врати довербата на граѓаните во владеењето на правото и во функционирањето на непристрасниот правен систем, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Суомалаинен.

XS
SM
MD
LG