Достапни линкови

Осум загинати во напад на Талибанците во Авганистан


Талибански милитанти - архивска фотографија.

Талибански милитанти - архивска фотографија.

Талибанските милитанти во Авганистан убија полициски командир и уште седум други лица, вклучителни и три жени. Командирот денеска загинал во заседа на Талибанците заедно со уште четворица чувари додека оделе накај нивното работно место, соопшти полицијата додавајќи дека жените кои се убиени биле случајни минувачи. Се уште нема коментар од Талибанците, но на 12 април тие соопштија дека стартуваат со пролетна офанзива наречена „Операција Омари“ во чест на починатиот талибански лидер Мула Мохамед Омар.

XS
SM
MD
LG