Достапни линкови

Советот на Европа изрази загриженост поради ситуацијата во Турција


Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс изрази загриженост во врска со мерките преземени од турските власти во последните месеци за решавање на внатрешниот конфликт, вклучувајќи го воведувањето на полициски час и ограничување на слободата на говорот.

Тој истакна дека има сериозни сомнежи за законитоста на деноноќните полициски часови, кои Турција ги воведува во цивилни квартови додека се судира со курдските бунтовници.

Мужниекс, исто така, изрази загриженост за огромните размери на причинетите штети врз домови и згради во југоисточниот дел на Турција, но ги осуди и сите форми на тероризам од страна на бунтовници, чии цели се државата и цивилното население.

Комесарот за човекови права нагласи дека неколкумина универзитетски професори се наоѓаат во затвор бидејќи потпишале петиција за мир, а на речиси 1.850 лица им се суди во врска со тврдењата дека го навредиле претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во Турција се поголем интернет страници се блокирани, на познати новинари им се суди, а весници се преземаат од Владата.

XS
SM
MD
LG