Достапни линкови

Полицијата го блокираше центарот на Скопје


Центарот на главниот град Скопје е блокиран и специјални полициски единици го ограничуваат просторот за движење. Полицијата забранува движење долж главната улица, односно од семафорите кај Рекорд до раскрсницата пред Собрание. Поставена е метална ограда долж паркот Жена борец и поставено е силно полициски обезбедување покрај сите излези на Градскиот трговски центар кои водат кон овој парк.

Од полицијата не соопштуваат повеќе информации за блокирањето, туку само кратко одговорија дека причина за тоа се најавени протести пред Собрание. Претходно на социјалните мрежи беше објавена информација дека пред собрание ќе протестираат граѓани организирани од движењето ГДОМ кои бараат претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката за помилување само за опозицијата односно за лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушевски. Според најавите на социјалните мрежи, овие демонстранти протестираат до 18 часот за кога е закажан протестот на граѓани кои се противат на одлуката на Иванов за аболицирање на сите политичари.

XS
SM
MD
LG