Достапни линкови

logo-print

Во „Транспортер“ на СЈО инволвиран и Талески


Случај насловен „Транспортер“ отвори Специјалното обвинителство во кој е инволвиран и градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески, соопштија денеска од ова Обвинителство. Осомничените, според СЈО, го оштетиле буџетот на државата во полза на локални превозници за околу 360 илјади евра. Овој случај е за најверојатно најскапиот превоз на ученици во светот што го плаќал Градот Битола, рече обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното обвинителство. Таа дел од презентацијата соопшти и на турски јазик.

Градоначалникот на Битола пред неколку дена беше помилуван од претседателот Ѓорге Иванов.

Специјалната обвинителка Катица Јанева претходно изјави дека Обвинителството совесно си ја врши работата во насока на исполнување на мандатот. Правдата ќе победи, рече Јанева. Прес конференцијата на СЈО ја следеа и амбасадори, меѓу кои тие на Италија, Германија, Британија, ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG