Достапни линкови

ОН бара мораториум на егзекуциите за дрога во Иран


Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Сеид Раад Ал Хусеин го повика Иран привремено да ги запре егзекуциите за прекршоци поврзани со дрога, додека Парламентот дебатира за нов закон со кој треба да се стави крај на смртните казни за ваков тип на кривични дела.

Минатиот викенд пет мажи беа обесени во Иран, тројца од нив за обвиненија за трговија со дрога. Оваа година во Иран се извршени 60 егзекуции. Зеид истакна дека бројката е намалена во однос на минатата година.

Според последниот извештај на ОН за човековите права во Иран, во 2015 во земјата биле извршени 1.000 егзекуции, најмногу во период од две децении. Многумина од погубените биле малолетници.

XS
SM
MD
LG