Достапни линкови

logo-print

Грција испраќа вооружени сили во Идомени


Началникот на Генералштабот на националната одбрана на Грција (ГЕЕТА), Евангелос Апостолакис наредил да бидат испратени припадници на Вооружените сили на земјата во реонот на островот Инусес во близина на Турција и во северна Грција во регионот на градот Кукуш и Идомени на границата со Македонија, објави „Катимерини“.

Весникот пишува дека целта на мобилизацијата е да биде активирана воздушната одбрана на островот Инусес и на тој начин да биде испратена јасна порака до Турција, чии воени авиони последните денови прелетуваат над островот, прекршувајќи го воздушниот простор на Грција, наведува весникот.

Според „Катимерини“, како одговор на „мобилизацијата на македонските безбедносни сили кај граничниот премин Идомени“, грчките власти во северниот дел на земјата ќе го испратат Корпусот за брза интервенција „Делта“. Весникот нагласува дека целта на ваквиот потег е „да се зајакне чувството за безбедност кај жителите во пограничните области“.

XS
SM
MD
LG