Достапни линкови

logo-print

Украинскиот Парламент одобри реорганизација на Владата


Украинскиот Парламент одобри Володимир Хројсман да биде иден премиер на земјата во најголемата реорганизација на владата од бунтот во 2014 на прозападното лидерство. „Ќе ви покажам што навистина значи да се води земјата“, рече Хројсман пред денешното гласање. Номинацијата на Хројсман беше поддржана од 257 пратеници, а му беа потребни минимум 226 гласови. Хројсман во Парламентот рече дека владата предводена од него, нема да толерира корупција и дека ќе настојува да ги зајакне врските со Европа.

XS
SM
MD
LG