Достапни линкови

Путин: Турција соработува со терористи


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Турција не е безбедна за руските патници и оти де факто е во состојба на граѓанска војна.

Путин денеска ги обвини турските лидери дека соработуваат со терористите, а не се борат против нив.

Тој додаде дека ја сметаат Турција за пријател, но дека имаат проблеми со некои политичари чие однесување е несоодветно.

Односите меѓу Москва и Анкара се затегнати откако Турција во ноември 2015 година собори руски авион во близина на турско – сириската граница.

Авионот спроведуваше операции како дел од интервенцијата на Русија во Сирија. Турција тврдеше дека авионот го нарушил нивниот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG