Достапни линкови

logo-print

САД: „забрзано кршење“ на човековите права во светот


Американскиот Стејт департмент во новиот извештај оцени дека светот се соочува со „криза на глобалното владеење“, бидејќи и владите и недржавните актери сè повеќе ги кршат човековите права. Американскиот државен секретар Џон Кери во извештајот за човековите права на американскиот Стејт департмент, објавен вчера наведува дека Вашингтон гледа „тренд на забрзување кај државните и невладините актери за затворање на просторот за граѓанско општество, за задушување на медиумите и слободата на интернет, маргинализирање на опозициските гласови, и во повеќето екстремни случаи, да се убиваат луѓе или да се протеруваат од нивните домови“. Кери исто така го осуди владите за непочитување на слободата на изразување со „затворање новинари за пишување критични текстови“ или таргетирање невладини организации за промовирање на наводно „странски идеологии“, како што се универзалните човекови права“. Во својот годишен извештај за човековите права, американскиот Стејт департмент оценува дека „авторитарните влади“, реагираат против засилувањето на „граѓанско општество низ целиот свет“, бидејќи тие се плашат од јавноста, и се чувствуваат загрозени од страна на луѓе кои доаѓаат заедно на начин што не можат да го контролираат“.

XS
SM
MD
LG