Достапни линкови

Договор за нова украинска влада


Двете најголеми прозападните партии во Украина вчера постигнаа договор за нова проевропска влада која ќе ја предводи претседателот на парламентот Володимир Хројсман, сојузник на претседателот Петро Порошенко. Неговата влада ќе го замени кабинетот на премиерот Арсениј Јацењук кој поднесе оставка на 10 април поради скандалот со корупцијата и проблеми кои произлегуваат од борбата на владата против сепаратистите во источниот дел на земјата, поддржани од Русија.

XS
SM
MD
LG