Достапни линкови

logo-print

Уставен демантира, не е закажана итна седница


Утре нема да се оддржи никаква седница на Уставен суд, изјавија од Судот за РСЕ. Тие велат дека не е точна информацијата на дел од медиумите дека била свикана итна седница на која ќе требало да се разгледува иницијатива за уставност на институцијата Специјално јавно обвинителство. Од таму објаснуваат дека утре нема да има седница и нема да се одлучува за ниеден предмет. Нова седница ќе биде закажана идната среда, како што е вообичаено досега, а утре ќе биде објавен и дневниот ред. За конкретниот предмет се уште нема најава, е наведено во одговорот на Уставниот суд.

XS
SM
MD
LG