Достапни линкови

Полицијата ги растера демонстрантите


Демонстранти кои од пред Собранието се обидуваа да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откако ја демолираа Канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје, продолжија кон Министерството за правда. Таму се обидоа исто така да ги искршат прозорците, но беа спречени од полицијата која ја растури толпата. Полицијата удираше и по демонстрантите, а повреден е и еден новинар. Претходно пред Собранието демонстранти се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и тие фрлаат лименки, петарди, вода и пластични шишиња кон полицијата.

XS
SM
MD
LG