Достапни линкови

Демонстрантите ја демолираа канцеларијата на Иванов


Илјадници демонстранти кои од пред Собранието се обидуваат да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ фрлаа со камења, столици и други тврди предмети кон Канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје која е целосно искршена. Во центарот на градот се распоредуваат дополнителни специјални сили кои ги поттиснуваат демонстрантите. Тие фрлаат со камења и кон зградата на Министерството за правда, што се наоѓа во непосредна близина на Канцеларијата на Иванов. Претходно пред Собранието демонстранти се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и тие фрлаат лименки, петарди, вода и пластични шишиња кон полицијата.

Демонстрантите по ова се обидоа да се упатат кон зградата на ВМРО-ДПМНЕ од спротивната улица преку Рекорд.

За сега улицата Даме Груев, која води кон штабот на ВМРО- ДПМНЕ е непроодна и кордонот од специјалци не дозволува демонстраните да се пробијат.

XS
SM
MD
LG